ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ НА РМ

Со Законот за изменување на Законот за платниот промет објавен во „Службен Весник на РМ“ број 7/2019 од ден 14.01.2019 година, се врши измена на член 1 од Законот за изменување на Законот за платниот промет („Службен весник на Република Македонија“ број 193/17) и тоа на начин што зборовите: „31 декември 2018“ се заменуваат со зборовите: „31 декември 2019“, што значи дека се одлага примената на членот 25 став 1 од Законот за платниот промет за уште една година.

Чисто за потсетување, во членот 25 став 1 од Законот за платниот промет е уредено следното „Учесникот во платниот промет не може да врши плаќање со пресметка доколку има блокирана трансакциска сметка“, па со новата измена всушност на учесниците во платниот промет со блокирана сметка им се дава временски период од уште една година да склучуваат договори во кои се врши промена на доверител или должник.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации и консултации во врска со објавеното, слободно контактирајте не тука.

Извор на објавени прописи: www.slvesnik.com.mk

Share via:

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *