АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНOТ 21 СТАВ (1) ТОЧКА 4) ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

Во Службениот Весник на РСМ број 158/19 од 01.08.2019 година е објавено Автентично толкување на членот 21 став 1 точкa 4 од Законот за данокот на добивка, кој член се однесува за обврската за задржување на данок при исплата на приходи кон странските правни лица кои се наведени во овој член.

Имено, одредбата на членот 21 oд Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“ број 112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18), гласи:

„(1) Задржувањето на данок се применува на следниве приходи, без оглед дали се исплатени во Република Македонија или во странство: 

1) приход од дивиденди; 

2) приход од камата од резидент; 

3) приход од камата од нерезидент кој има постојана деловна единица во Република Македонија, ако каматата е на трошок на постојаната деловна единица; 

4) приход од авторски хонорар исплатен од резидент; 

5) приход од авторски хонорар исплатен од нерезидент со постојана деловна единица во Република Македонија, ако авторскиот хонорар е на трошок на постојаната деловна единица; 

6) приход од забавни или спортски активности кои се вршат во Република Македонија; 

7) приход од вршење на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги и услуги на истражување и развој, ако приходот е исплатен од резидент или е на трошок на постојаната деловна единица во Република Македонија; 

8) приход од осигурителни премии за осигурување или реосигурување од ризици во Република Македонија; 

9) приход од телекомуникациски услуги меѓу Република Македонија и странска држава и 

10) приход од закуп на недвижности во Република Македонија.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, данокот не се задржува на следниве приходи: 

1) на трансфер на дел од добивката на постојана деловна единица на странско правно лице во Република Македонија, на која претходно е платен данок на добивка; 

2) на приход од камата од должнички инструменти издадени и/или гарантирани од страна на Владата на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија и банки или други финансиски институции кои дејствуваат како претставник на Владата на Република Македонија; 

3) на приход од камата од депозити во банка лоцирана во Република Македонија и 

4) на приход остварен од посредување или консалтинг со државни хартии од вредност на меѓународен финансиски пазар.”.

Согласно даденото Автентично толкување, одредбата од членот 21 став (1) точка 4) треба да се толкува, така што, приход од авторски хонорар исплатен од резидент не се однесува на приход од користење на сродни права за чие користење, меѓу другите се и радиодифузните организации кои набавуваат странска програма врз oснова на договор за лиценцаодносно ваквата обврска не се однесува при исплата на авторски хонорар од користење на сродни права како што се изведбите на уметниците – изведувачи, фонограмите на произведувачите на фонограми, видеограмите на филмските продуценти, програмите на радио-телевизиските организации, изданијата на издавачите и базите на податоци на нивните изготвувачи.

Чисто за потсетување, во Законот за данокот на добивка е уредно дека, домашно правно лице, домашно физичко лице – регистрирано за вршење на дејност и странско правно лице или физичко лице – нерезидент со постојана деловна единица во Република Македонија, кои вршат исплата на приходи на странско правно лице наведени во членот 21 од Законот за данокот на добивка, се должни при исплатата на приходот да го задржат и да го уплатат данокот на соодветната уплатна сметка истовремено со исплатата на приходот, освен ако поинаку не е регулирано со Меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации и консултации во врска со објавеното, слободно контактирајте не тука.

Извор на објавени прописи: www.slvesnik.com.mk

Share via:

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *