ЗА НАС

ОСНОВАЧ - Наташа Атанасовска

Адвокат Наташа Атанасовска од Скопје правното образование го стекнува во Република Македонија и тоа со почеток во 2006-та година со уписот на правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје. По дипломирањето во Јуни 2009 година, образованието го продолжува на мастер студии, исто така на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на отсек деловно право и специјализација во областа трговско право. Со титулата Магистер по правни студии – Master of Laws LL.M (просек на успех 9,42), се стекнува почеток на Јуни 2011 година. Во Декември 2012 година се стекнува со диплома за положен правосуден испит пред Министерство за правда на РМ, а на 01.01.2013 година се стекнува со лиценца за работа како Адвокат издадена од Адвокатската Комора на РМ. Во текот на перидот на извршување на адвокатската дејност, Адвокат Наташа Атанасовска се стекнува со повеќе признанија за учество на обуки од повеќе области на деловното и граѓанското право.

Адвокат Наташа Атанасовска практичното искуство во областа на правото го започнува во Март 2010 година со вработувањето како адвокатски приправник во адвокатска канцеларија, специјализирана исто така во областа на деловното право, а работата како адвокат со овластување да застапува пред сите судови во Република Македонија од сите области на правото, ја продолжува сметано од 01.01.2013 година. Самостојната адвокатска канцеларија Атанасовска ја основа во Јуни 2016 година. Со измените на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица на РМ, Адвокат Наташа Атанасовска по завршената соодветна обука, се стекнува со овластување за работа и како „Регистрационен агент“, односно станува овластен подносител на електронска пријава на упис на основање, промени и бришења на сите форми на трговски друштва и други правни лица. Оваа адвокатска канцеларија, сметано од Јануари 2018 година станува и овластен застапник на правата од Индустриската сопственост.

Natasha Atanasovska - Наташа Атанасовска

АДВОКАТСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА АТАНАСОВСКА е реномирана адвокатска канцеларија во Република Македонија, каде што високото ниво на квалитет, стручност и експедитивност во давањето на правните услуги кон своите клиенти, се секогаш на прво место. Довербата од клиентите ја остварува со градење на личен и долгорочен однос со нив, преку навремено обезбедување на бараните правни услуги по највисоки стандарди.

АДВОКАТСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА АТАНАСОВСКА е основана од адвокат Наташа Атанасовска од Скопје и покрај неа, во рамките на канцеларијата работи тим, кој е составен од високо стручни адвокати, стручни соработници и адвокатски приправници. Својата дејност ја извршува во сите области од правото, со специјализија во областа на деловното – трговско право.

АДВОКАТСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА АТАНАСОВСКА во секојдневното работење, исто така соработува со надворешни соработници – адвокати, експерти од различни области и реномирани специјализирани агенции, консултантски фирми, невладини и меѓувладини организации, кои може да ги препорача на своите клиенти заради целосна заштита на нивните интереси и исполнување на нивната цел. Исто така, оваа адвокатска канцеларија има одлична соработка со овластените проценители, судски вештаци, медијатори, нотари и извршители. Соработката со своите клиенти ја врши на македонски и англиски јазик, а по потреба обезбедува превод на сите светски јазици, преку реномирани овластени преведувачи.