Соработници

СОРАБОТНИЦИ

Адвокат Костадинка Крстевска

Телефон: +389 78 219 003

Емаил: advokat.krstevska@gmail.com

Адвокат Костадинка Крстевска од Скопје правното образование го стекнува во Република Македонија почнувајќи во 2006-та година со уписот на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје. По дипломирањето на правни студии во јуни 2009 година, своето образование го продолжува на мастер студии од областа на граѓанско материјално и граѓанско процесно право, исто така на Правниот факултет „Јустинијан Први“ кои ги завршува со просечен успех од 9,33 и во 2012 година се стекнува со титулата Магистер по правни студии - Master of Laws LL.M. Адвокат Костадинка Крстевска практичното искуство во областа на правото го започнува во 2012 година со вработувањето како адвокатски приправник во адвокатска канцеларија, додека во 2013 година се стекнува со уверение за положен правосуден испит пред Министерство за правда на РМ. Работата како адвокат со овластување да застапува пред сите судови во Република Македонија од сите области на правото, ја продолжува почнувајќи од 01.07.2014 година кога и се стекнува со лиценца за работа како Адвокат издадена од Адвокатската Комора на РМ. Во јуни 2016 година Адвокат Костадинка Крстевска ја продолжува адвокатската дејност самостојно со основање на адвокатска канцеларија Крстевска. Во текот на перидот на извршување на адвокатската дејност, Адвокат Костадинка Крстевска се стекнува со повеќе признанија за учество на обуки од повеќе области на деловното и граѓанското право (стварно право, отштетно право, административно право). Со измените на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица на РМ, Адвокат Костадинка Крстевска по завршената соодветна обука, се стекнува со овластување за работа и како „Регистрационен агент“, односно станува овластен подносител на електронска пријава на упис на основање, промени и бришења на сите форми на трговски друштва и други правни лица.

М-р Блаже Ајтов од Неготино, правното образование го стекнува во Република Македонија почнувајќи уште во средно образование на правен смер во Гимназија „Добри Даскалов“- Кавадарци за да потoа продолжи со студии во 2015 на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје. По дипломирањето на правни студии, своето образование го продолжува на мастер студии на отсек деловно право и специјализација во областа трговско право, исто така на Правниот факултет „Јустинијан Први“ кои ги завршува во јули 2020 година, кога се стекнува со титулата Магистер по право од областа - деловно право - Master of Laws LL.M. М-р Блаже Ајтов се стекнал со повеќе сертификати и признанија за учество на семинари и обуки од повеќе области на деловното, кривичното и граѓанското право за време на студиите. Исто така за време на мастер студиите започнал како предавач во програмата - Учиме право – која е неформално обаразование наменета за средношколци, која ја спроведува МОФ. Практичното искуство во областа на правото го започнува во февруари 2020 година, со вработувањето како адвокатски приправник во адвокатска канцеларија Атанасовска, а истовремено започнува и како овластен набљудувач на кривични постапки во ракмите на проекти од „Системски мониторинг“ и „Семејно насилство и криминал од омраза“, кои се спроведувани од „Коалиција сите за правично судење“.

blazo

М-р Блаже Ајтов

Мобилен: +389 76 31 67 67

E-mail: info@lawofficeatanasovska.com